Published By
Created On
25 Mar 2021 10:20:44 UTC
Transaction ID
Cost
Safe for Work
Free
Yes
More from the publisher
кираџиева-жените-се
Говор на Весна Кираџиева, раководителка на АФЖ - Левица, на Конститутивната седница на АФЖ - Левица.
Почитуван претседател Апасиев,
Драга генерална Мојсоска,
Почитувани гости,
Благодарност за укажаната доверба да бидам назначена за прва раководителка на АФЖ.
Феминист: личност која верува во социјална, политичка и економска еднаквост на половите (маж и жена).
Феминизмот стана непопуларен збор – често мешан со мразење на мажите, што е неточно.
Потребна е сечија вклученост во борбата за еднакви можности на жените и мажите – АКТИВНА ВКЛУЧЕНОСТ и на мажите. Ниска стапка на жените, пониска од 30%, но и низок интерес за мажите да се појават на дискусии за рамноправност, комисии, обуки – мора да се чувсвуваат добредојдени – МАЖИ ДОБРЕДОЈДЕНИ СТЕ, СМЕТАЈТЕ ГО ЗА отворена ПОКАНА.
Улогата на МАЖОТ – ТАТКО и стереотипите, општеството гледа на оваа негова улога со предрасуди иако секое дете му треба подеднакво и таткова грижа, љубов и емпатија - но општеството го квалификува како „папучар“! Со овие стереотипи, украдено е и вашето право за еднаквост во улогата во домот – кога мажите ќе се ослободат од овие стереотипи, ќе се ослободат и жените последователо.
И мажите и жените треба да се чувствуваат комотно да се чувствителни - и мажите и жените треба да се чувствуваат комотно да се силни. СИЛНА жена со цврсти ставови не е агресивност и анти мажи.
Статстиките – бројките не лежат. Само 5 министерки од 20 министерски позиции; ниту една жена претседател, ниту премиерка од осамостојување на Македонија до денес. Само две градоначалнички на локалните избори 2021, од 81 градоначалник на териротија на Македонија денес.
Често, не само мажите, туку и жените велат, Да, може повеќе жени во политика (на раководни позиц.), ама АКО се квалитетни. Тие критериуми на „ако“, не се поставуваат за мажи, тие по дифолт влегуваат и се сметаат квалитетни. Но бројките велат дека онаму каде нема законски квоти за процент на жени на раководни позиции, жените се вклучени во едвај 1-2 проценти.
Сиромаштија потекнува од недоволно образование, нееднаква можност при вработување = зависност од мажот = премолчување и толерирање семејно насилиство.
Она што требаше да претставува еманципација на жените од домашната работа и патријархалното семејство се претвори во двојна угнетеност која сега се одвива и на работното место и во семејството.
Маркс и Енгелс, жените во принцип, ги гледале како мерило за општествениот прогрес.
#НовБранПолитичарки – мини кампања која ја започнав за промоција на „леви-жени“, жените од Левица. Ќе следуваат и посети на ограноците низ Македонија за поголема афирмација на жените и мотивација за политичка активност со активна вклученост на мажите во процесот, но и средби со здруженија и поединки за афирмација на жената, како и остварување на целите согласно деловникот на АФЖ-Л.
Како успешна спортистка, ми се има случувано неретко да ми коментираат, „уште ли ќе трчаш, оди раѓај деца“. Денес кога навлегувам во политички води, особено на социјалните мрежи, кога немаат контрааргумент на моите факти и цврсти ставови, знаат да искоментираат „Иди ма трчај и не паламуди“.
Но јас си ја сакам оваа земја и овој народ – знам како и сакам заедно да ја направиме подобро место за живеење за сите Македонци, мажи и жени – заеднички!
Мудру мислители на попаметни од мене рекле: Сѐ што е потребно за злото да триумфира, е добрите мажи и жени да не прават ништо! Јас често го користам овој цитат на Ајнштајн: Лудост е да ги повторуваме истите работи одново и одново, а да очекуваме различен резултат. Да не ги правиме истите грешки, да не гласаме понатаму з�
...
https://www.youtube.com/watch?v=MqzM_vR6GqI
Transaction
Created
11 months ago
Content Type
Language
video/mp4